26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАDeep Purple со голем концерт во Скопје

Deep Purple со голем концерт во Скопје

Еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin, Deep Purple), ќе одржи голем концерт на 28 мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје.

Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа пет децениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста.

Доволно е само да се каже името на продуцентот на последниот албум “Turning to crime”, Bob Ezrin – човек којшто како продуцент потпишува албуми на Aerosmith, Pink Floyd, Lou Reed, Peter Gabriel, Andrea Boccelli и други понови бендови како 30 Seconds to Mars и Deftones.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре (среда, 23.02.2022 година) низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн. ПАРТЕР – 1.500 денари, ФАН ПИТ – 2.000 денари (само 2.000 влезници ќе бидат пуштени во продажба).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП