2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Adidas“: Ќе забележиме раст во Кина во 2022-ра

„Adidas“: Ќе забележиме раст во Кина во 2022-ра

Германскиот производител на спортска облека „Adidas“ соопшти дека планира да забележи раст во Кина во 2022-ра година, иако таа е погодена од обновените ограничувања поради пандемијата и потрошувачкиот бојкот на западните брендови.

Коментарот беше даден откако „Manager Magazin“ напиша дека „Adidas“ очекува неговите приходи од продажба во Кина да паднат за 400 милиони евра во 2022-ра година, но не ги наведе своите извори.

Запрашан за статијата, портпаролот на „Adidas“ коментираше: „Нашиот бизнис во Кина порасна во 2021-ва година и ќе расте во 2022-ра година“.

Приходите од продажба на „Adidas“ во Кина, Хонг Конг, Макао и Тајван паднаа за 15% во третиот квартал, иако исто така се зголемија за 15% во првите девет месеци од годината. Компанијата ќе ги објави целосните финансиски извештаи на 9-ти март.

Западните брендови се најдоа под притисок во Кина откако изјавија дека нема да купуваат памук од Ксинџијанг поради информациите за кршење на човековите права врз Ујгурите во регионот. Пекинг негира какви било злоупотреби.

Минатата година „Adidas“ објави дека започнал план за враќање на својата позиција во Кина, која долго време беше нејзиниот најважен пазар за раст. Компанијата формираше специјално маркетинг студио и го зголеми создавањето на производи насочени целосно кон кинескиот пазар.

„Manager Magazin“ напиша дека ситуацијата се сметала за толку сериозна што директорот на продажба на „Adidas“, Роланд Аушел отпатувал во Кина во јануари и покрај барањата за карантин.

Во декември, конкурентот „Nike“ рече дека проблемите со снабдувањето и новите блокади поради Ковид-19 доведоа до пад на приходите од 20 отсто во Кина, Хонг Конг, Макао и Тајван во фискалниот втор квартал на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП