27 јуни, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен триплекс во Бразил

Луксузен триплекс во Бразил

cp1

Модерен, прекрасен и луксузен – Копакабана триплексот во Рио де Жанеиро, во Бразил, кој е дело на Цезар Фереира.

Овој простој од 1,500 квадратни метри е уникатен, во неговата внатрешност совршено се инкорпорирани плажата и океанот. Архитектот објасни дека ја користел белата боја, бидејќи не сакал да му се спротистави и да се натпреварува со супериорниот изглед на плажата, светлата на градот и целокупниот пејсаж.

Местото е комплетно финиширано со прекрасниот избор на мебел и елементите кои се вистински декор. Лустерите кои се поставени се фантастични, еден е во дневната соба и два се над трпезариската маса, а во некои од катчињата се поставени и егзотичните билки, кои донекаде го оживуваат духот на овој стан.

Нормално, главна атракција на овој триплекс е големата тераса. Таа е совршено место за релаксација по долгиот и напорен ден…. Кој не би сакал да ужива во ваквиот луксуз?

Уживаjте во фотографиите…

cp2

cp3

cp4

cp5

cp6

cp7

cp8

cp9

cp10

cp11

cp12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар