Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот напад врз Украина е можен во следните неколку дена и дека сè укажува на тоа.
„Ризикот од напад е многу висок затоа што не ги повлекоа силите. Напротив собраа повеќе армија. Покрај тоа имаме причина да веруваме дека се вклучени во лажна операција која би им дала изговор за напад. Сите индикации се дека се подготвени за напад врз Украина“, рече Бајден.

