28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАМНР: Генерален конзул во САД веќе има и тој e на половина...

МНР: Генерален конзул во САД веќе има и тој e на половина од својот мандат

Oд Министерството за надворешни работи, денеска реагираа на бројните објавени, како што велат, нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско-конзуларните претставништва.

Во јаноста на големи критики наиде информацијата дека презентерката Бесмира Ујупи е именувана за генералан конзул во Њујорк иако не ги исполнувала условите кои се предвидени со Законот за надворешни работи.

„Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, велат од МНР.

Кратко појаснување за читателите во однос на соопштението на МНР е дека генералниот конзулат од 2016 година е преместен и не е веќе во градот Њујорк туку е во местото Тотова, Њу Џерси.

Причината за ваквото преместување била затоа што во Њу Џерси има голема македонска дијаспора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП