Димитар Петрулев, адвокат на велешанката Павлина Иловска, посочи дека таа се плаши за својот живот. Ова доаѓа откога полицаец од Велес, колега на покојниот партнер, ѝ се заканувал, а беше објавено јавно.
„Со оглед на фактот дека беше во куќен притвор, не е пријавено во полиција, само усно. Сметам дека се плаши својот живот“, посочи адвокатот.

