2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПоштарот му донел пакет што не го очекувал: Кога го отворил не...

Поштарот му донел пакет што не го очекувал: Кога го отворил не можел да им верува на сопствените очи што видел

Еден Британец сигурно не го очекуваше тоа што му дојде по пошта.

Пакетот ги содржел, ни помалку ни повеќе, неговите вештачки заби кои ги изгубил додека бил на одмор во Шпанија, пред 11 години!

Имено, Пол Бишоп (63) од Велика Британија во 2011 година бил на одмор во Шпанија каде останал без протезата.

За време на ноќно излегување повраќал во корпа за отпадоци, а протезата со заби му испаднала. Сега ги доби назад – пристигнаа по пошта во Манчестер, пишува Би-Би-Си. Откако протезата на Пол била пронајдена во депонија, шпанските власти му влегле во трага со ДНК лента.

Човекот рекол дека бил „збунет и запрепастен“ кога ги видел своите одамна изгубени заби. Сеќавајќи се на ноќта кога ја загубил протезата, Пол опишал како му се слошило откако испил некоја пијачка повеќе, а во тој момент корпата за отпадоци била најблиску до него.

-Кога отидовме до соседната кафеана, мојот пријател се сврте кон мене и ме праша каде ми се забите – изјави тој и додаде дека го пребарал ѓубрето, но не ја нашол протезата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП