26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовите таблети „Samsung Galaxy Tab S8“ ги задоволуваат сите ваши потреби (ФОТО/ВИДЕО)

Новите таблети „Samsung Galaxy Tab S8“ ги задоволуваат сите ваши потреби (ФОТО/ВИДЕО)

Покрај најновата серија на телефони „Galaxy S22“, „Samsung“ претстави и три нови таблети од серијата „Tab S8“.

Линијата на таблети „Galaxy Tab S8“ се состои од три модали: стандардните „Galaxy Tab S8“, „Tab S8 +“, како и „Tab S8 Ultra“.

„Galaxy Tab S8“ има 11-инчен „LTPS TFT“ дисплеј, со резолуција од 2560 x 1600 p (276 ppi, брзина на освежување до 120 Hz), „Tab S8 +“ располага со 12,4-инчен „Super AMOLED“ екран (2800 x 1752p, 266ppi, брзина на освежување до 120Hz), а пак „Tab S8 Ultra“ доаѓа со 14,6-инчен „Super AMOLED“ екран, со 240 ppi и стапки на освежување до 120 Hz.

Сите три таблети имаат ист систем на камера на задната страна, кој се состои од главен сензор за AF од 13 MP, ултра широк сензор од 6 MP и блиц. На предната страна има ултра широка селфи камера од 12 MP кај моделите „Galaxy Tab S8“ и „Tab S8 +“, додека „Tab S8 Ultra“ има две камери на предната страна: 12MP широка + 12MP ултра широка.

Таблетот се напојува со 4nm 64-битен, осум-јадрен процесор во комбинација со 8 / 12 GB RAM и 128 / 256 GB простор за складирање на моделите „Tab S8“ и „Tab S8 +“ или 8/12 / 16 GB RAM и 128/256 / 512 GB податоци за складирање во моделот „Tab S8 Ultra“. Сите модели поддржуваат слот за „microSD“ за проширување на складирањето до 1 TB.

Кога станува збор за батериите, „Tab S8“ има капацитет на батерија од 8.000 mAh, „Tab S8 +“ има батерија од 10.090 mAh, додека „Tab S8 Ultra“ има капацитет на батерија од 11.200 mAh. Сите батерии поддржуваат „SuperFast Charging“ полнење до 45W.

Стандардниот модел поддржува отклучување преку отпечаток од прст сместен во страничното копче, додека „Tab S8 +“ и „Tab S8 Ultra“ имаат сензори за отпечатоци на екранот.

Други вообичаени карактеристики на уредот се поддршка за 5G, Wi-Wi 6E, четири стерео звучници „AKG“ со поддршка за „Dolby Atmos“, три микрофони, поврзување „USB Type-C 3.2“ и друго.

Од додатоците, „Galaxy Tab S8“, „Tab S8 +“ и „Tab S8 Ultra“ доаѓаат со „S Pen“, кое е вклучено во пакетот, како и голем број на заштитни футроли кои се купуваат одделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП