Возачот на службеното возило на министрите Фатмир Бесими и Бектеши доби кривична пријава за сообраќајката што се случи пред Владата.
Ј.Б. (38) со службеното возило „шкода“ не застанал на црвено светло на семафорот и кога навлегол во крстосницата на бул.„Св.Климент Охридски“ со бул.„Илинден“, удрил во возилото „киа“, кое пак од ударот го променило правецот и удрило во возило „фиат“.

