Комисијата за заразни болести на денешната седница донела препорака траењето на сертификатот по прележан Ковид – 19 место сегашните 45 дена, да трае 180 дена од датумот на ПЦР тестот и усвоила упатства за лекување од Ковид – 19 кои ќе бидат испратени до матичните лекари.
Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција рече дека засега не се размислува за укинување на ваквите сертификати. Образложи дека ако сега се укинат сертификатите за затворен простор ќе дојде до голема трансмисија на вирусот.

