29 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДали знаете која боја е прогласена за најгрда на светот?

Дали знаете која боја е прогласена за најгрда на светот?

Се опишува како „смрт“, „нечистотија“ и „катран“, но оваа грда нијанса има важна задача – да ги одврати луѓето од пушење.

Pantone 448 C е боја која може да се опише како сиво-темно кафеава. Во 2016 година, по тримесечно истражување и неколку студии спроведени од агенцијата GfK, беше заклучено дека оваа боја е толку одвратна што може да ги одвикне луѓето од пушење.

„Тоа ги потсетува луѓето на смрт и нечистотија. Никој немаше позитивни коментари за неа“, изјави за британските медиуми Викторија Пар, која го водела истражувањето. Истражувањето било нарачано од австралиската влада, која барала најодвратна боја наменета за пакување тутунски производи.

Другите земји, како Велика Британија, Ирска и Франција, набрзо го следеа примерот на Австралија, ставајќи ја истата боја на тутунските производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП