27 јуни, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот хотел во Европа

Најскапиот хотел во Европа

maradan4

Турската Анталија станува сe попопуларна летна дестинација за богаташите ширум светот. Таа покрај сите луксузни туристички атракции има уште една неодолива и „непристојна“ понуда за нив. Станува збор за неверојатниот хотел кој веројатно подолго време нема да има конкуренција на Стариот континент.

Овој хотел претставува ориентална бајка со архитектура инспирирана од Отоманската Империја и од познатата палата Долмабахче. Секој детаљ во него е внимателно осмислен и реализиран, со што се оправдани 1,5 милијарди евра потрошени за неговата изградба. Рускиот милијардер Телман Исмаилов во овој проект вложил околу 1,5 милијарди евра, а луксузот е видлив на секој чекор и во секој детал.

Ресторан под вода, плажа со дробен порцелан наместо песок, многу злато и врвен кристал на сите страни… сето ова е само дел од она што ве очекува во овој хотел. За да се уверите во тоа, хотелот ви обезбедува  виртуелана 3Д тура преку нивниот веб-сајт.

Мардан Палас има 560 соби, а цената на едно ноќевање во нив се движи од 365 до 14.600 евра. Најскапите соби се опремени со приватни базени, аудио плеери итн. Исто така, хотелот поседува и спа-центар, сопствена плажа, и сопствен базен кој важи за најголем во Европа.

Интересен податок е тоа што во изградбата на оваа палата се потрошени 2,5 тони злато, 500.000 кристали и 23.000 квадратни метри најубав италијански мермер.

Приватната плажа на хотелот е направена од 9.000 тони свиленкаст песок донесен од Египет. Огромниот базен, пак, се протега на површина од преку два хектари, а во средината се наоѓа аквариум со 2.400 риби, вклучувајќи и ајкули.

Уживајте во прекрасните фотографии…

maradan1

maradan2

maradan3

maradan5

maradan6

maradan7

maradan8

maradan9

maradan10

maradan11

maradan12

maradan13

maradan14

maradan15

maradan16

maradan17

maradan18

maradan19

maradan20

maradan21

maradan22

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар