28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПензионер направил клима за само 300 динари

Пензионер направил клима за само 300 динари

klima ured

Во скромниот дом на семејството Граџин во Нови Сад „бургијата врти каде што не вртат парите“ или поточно кажано врти вентилатор. Кога надвор е 30 степени во дневната соба е за 5 до 10 степени помалку. За ова е заслужен Исак, некогаш хемиски техничар, а сега пензионер-иноватор.

„Просечниот граѓанин на оваа земја своите интелегентни капацитети ги напрегнува само кога ќе го стигне маката. Ние инаку не правиме и не произведуваме како сите други, туку размислуваме само кога сме во неволја“, вели Исак.

Патентот на Исак започнува под земјата или од бунарот кој се наоѓа во дворот, па продолжува до подрумот. Една цевка до уредот, една до купатилото и наместо повеќе од 30.000 динари, неговиот клима уред чини само 300.

„Ладилникот го добив од автомеханичар, вентилаторот го имав дома, само купив цевки за 300 динари и толкав беше мојот трошок. А 30.000 динари не секој ги има во денешно време и тоа е голем трошок“, додава иноваторот.

Тука водата не чини ништо, поради тоа што доаѓа од бунарот, а е за неколку степени поладна од онаа која ја има во градскиот водовод. Добрата изолација на цевката прави во просторијата да биде ефектна, иако е без естетика. Сепак овој пензионер има во план да поработи и на визуелниот ефект на својата иновација.

Клима уредот со помош на водата од бунарот не е единствениот патент на Исак, сепак тој е еден од најомилените. Пред се поради тоа што неговиот двегодишен внук претходно едвај спиеше во дневната соба при високите температури, а сега неговиот дедо мора да го покрива.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП