18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВака изгледа глобалниот долг (ИНФОГРАФИК)

Вака изгледа глобалниот долг (ИНФОГРАФИК)

Откако Ковид-19 почна да се шири низ светот во 2020-та година, глобалната економија беше ставена на тест поради прекини во синџирот на снабдување, нестабилност на цените, предизвици на пазарот на труд и пад на приходите од туризмот.

Светска банка проценува дека речиси 97 милиони луѓе се турнати во екстремна сиромаштија како резултат на пандемијата.

За да помогнат во оваа тешка ситуација, глобалните влади мораа да ги зголемат трошоците за да се справат со повисоките трошоци за здравствена заштита, невработеноста, цените на храната и да им помогнат на бизнисите да преживеат. Земјите се задолжија за да обезбедат финансиска поддршка за кризните мерки, што резултираше со највисоки глобални нивоа на долг во последните половина век.

10-те најзадолжени земји – долг во проценти од БДП-то (2021)

1. Јапонија – 257%

2. Судан – 210%

3. Грција -207%

4. Еритреја – 175%

5. Зелено’ртски острови – 161%

6. Италија – 155%

7. Суринам – 141%

8. Барбадос – 138%

9. Сингапур – 138%

10. Малдиви – 137%

Јапонија, Судан и Грција се на врвот на листата со сооднос на долгот и БДП-то многу над 200%, а потоа следат Еритреја (175%), Зеленортските Острови (Капо Верде) (160%) и Италија (154%).

Нивото на јапонскиот долг нема да биде изненадување за повеќето. Во 2010-та година, таа стана првата земја што постигна сооднос долг кон БДП-то од 200%, а сега изнесува 257%. За финансирање на новиот долг, јапонската влада издава обврзници купени првенствено од Банката на Јапонија.

До крајот на 2020-та година, Банката на Јапонија имаше 45% од државниот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП