Диетите коишто се базираат на изгладнување не даваат долгорочни резултати бидејќи на тој начин изгубените килограми се враќаат многу брзо. Освен тоа, тие организмот го оставаат без хранливите состојки неопходни за негово нормално функционирање, што може негативно да се одрази на целокупното здравје. Но, оваа диета која ви ја пепорачуваме, не е таква.

Пробајте ја умерената, шарена диета којашто дава добри резултати. Доволно е да ги следите боите по денови и да се држите до овие добро избалансирани оброци.
Бел ден
Појадок: Фрапе од 2 дл млеко со низок процент на масленост и две банани
Ужинка: 1 банана
Ручек: Крем супа од печурки, грилувано пилешко филе, кришка интегрален леб
Вечера: Тестенини со сирење

Жолт ден
Појадок: Фрапе од 2 дл соино млеко и кришка диња
Ручек: Крем супа од тиква, рижото со телешко
Вечера: Омлет со жолта пиперка
Ужинка: Грејпфрут

Зелен ден
Појадок: Кришка ‘ржан леб, намаз од туна, шолја зелен чај
Ручек: Чорба од брокули, кришка ‘ржан леб
Вечера: Две шницли од грилувано бело пилешко месо, зелена салата
Ужинка: Зелено јаболко

Црвен ден
Појадок: Фрапе од 2 дл млеко и 250 гр малини (може и смрзнати)
Ужинка: Рака бобичесто овошје
Ручек: Две полнети црвени пиперки, кришка интегрален леб и салата од домати
Вечера: Тестенини прелиени со сос од домати и малку пармезан, шолја чај од хибискус

Овој режим на исхрана нема да ви биде тежок бидејќи го исклучува гладувањето. Ако во текот на денот на трпезата имате намирници само во една боја, ќе јадете многу помалку и побрзо ќе се ослободите од вишокот килограми.