4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОблачно со врнежи претежно од снег

Облачно со врнежи претежно од снег

Облачно, во текот на целиот ден со врнежи претежно од снег, во јужните делови од Повардарието од дожд и снег, а на крајниот југоисток претежно од дожд. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, во западните делови над 15 см нов снег. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје, облачно во текот на целиот ден со повремени врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Попладне ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 2 степена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП