9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска го зголеми наталитетот поради кризата

Ирска го зголеми наталитетот поради кризата

2009 за Ирска беше најтешката година во текот на сегашната финансиска криза, но рекордна според бројот на новородените деца во последните 118 години, овој тренд продолжува без оглед на кризата и ќе продолжи токму поради кризата, говорат податоците кои во вторникот ги објави агенцијата Ројтерс.

Во 2009 година во Ирска се родени 75.554 деца, десет илјади повеќе од 2006 година, во времето на економскиот бум кога Ирска беше наречена „келтски тигар“, а тогашниот премиер Берти Ахерн предвидуваше дека економскиот бум може само да расте, а не да опаѓа.

Но рецесијата во светот и должничката криза во еврозоната ја претворија Ирска во една од европските земји во која стапката на невработеност е највисока. И покрај оваа висока стапка, зголемувањето на наталитетот продолжи и во 2011 година, кога се родени 74.650 деца.

Високата стапка на наталитетот и помага на Ирска со високата стапка на емиграција бидејќи 250, претежно млади луѓе, секојдневно ја напуштаат.

Експертите предвидуваат дека во следните пет години, наталитетот во Ирска ќе се зголеми за 8 проценти, а тоа е за четири пати повеќе од просекот на Европската унија.

Ирска досега имаше една од највисоките стапки на наталитет во Европската унија со повеќе од две деца по жена, а финансиската криза на оваа традиција и даде нова дизмензија. Жените се откажуваат од кариерата поради невработеноста и одлучуваат да имаат повеќе деца, во комбинација со намалувањето на трошоците за идршка на дете.

„За време на економскиот бум мојата жена работеше и ние повеќе бевме фокусирани на парите. Кога ќе ја изгубите работата вашиот фокус се менува“, вели 30-годишниот Пол Мид, чија сопруга го изгубила работното место и дури тогаш го родила првото дете.

Откако избувна финансиската криза, најголем пад на БДП во земјите од еврозоната доживеа Ирска, која истовремено е меѓу побогатите земји во ЕУ, а тоа значи дека падот на животниот стандард не ги повлече бројните ирски семејства во сиромаштија.

Владата го намали месечниот надоместок по дете од 160 евра на 140 евра, но и покрај намалувањето, детскиот додаток во Ирска е сеуште голем во споредба со другите делови од Европа. Затоа многумина планираат поголемо семејство, а анкетата која беше спроведена на 700 жени покажала дека 39 проценти од нив одговориле дека рецесијата ги поттикнала да го зголемуваат семејството.

Детскиот додаток е намален, но и трговците ја намалија цената за сите детски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП