24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПроблемот со ладните раце и стапала е можеби полош отколку што мислите

Проблемот со ладните раце и стапала е можеби полош отколку што мислите

Ладните прсти на рацете и нозете се почеста појава кај жените отколку кај мажите. Тоа го предизвикува процесот со кој организмот ја одржува температурата на виталните органи. Меѓутоа, ако тоа често ви се случува, може да укажува на некои други посериозни, здравствени проблеми.

Анемија

Ако, освен ладните раце ви се јавуваат и некои други симптоми, како замор, главоболка и омалаксаност, проверете го нивото на железо во крвта. Железото е главна состојка на хемоглобинот, молекула која го пренесува кислородот во крвта и и дава црвена боја.

Дијабетес

Чувството за ладно, како и трнењето во дланките и стапалата, можат да бидат првите знаци за дијабетес. Дијабетесот остава последици на крвотокот и нервниот систем, па е често следен со овие појави. Ако сте постојано жедни, многу јадете а не се дебелеете или слабеете, задолжително контролирајте го нивото на шеќер во крвта.

Штитната жлезда

Хипотиреоидизам, или забавената работа на штитната жлезда, доведува до забавување на метаболизмот, а често е проследена и со ладни екстремитети или чувство на ладно. Заморот, летаргијата, поспаноста, забавеноста на говорот и движењата, како и слабото поднесување на високите температури се јасни симптоми на ова пореметување.

Стрес

Стресот исто така може да биде причина за ладните раце и нозе. Тој, имено го зголемува адреналинот, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, кој ги стеснува крвните садови, па циркулацијата е послаба, а рацете и нозете се поладни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП