Јавното обвинителство од Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот казниво по Кривичниот законик.
Имено на 26 јануари околу полноќ, осомничениот управувал автомобил „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки на булеарот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, во насока од запад кон исток. Притоа не се придржувал кон сообраќајните прописи – со автомобилот управувал со брзина поголема од 50 километри на час што е максимално дозволена во населено место и под дејство на алкохол со концентрација од 0,57 промили алкохол во крвта. Кога се приближил до крстосницата со сервисна улица која води кон трговскиот центар „Лиса“, тој навлегол во крстосницата на вклучено црвено светло кое означувало забрана за минување во неговиот правец на движење.

