25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАнемични сте и постојано уморни: Пробајте ја оваа витаминска бомба

Анемични сте и постојано уморни: Пробајте ја оваа витаминска бомба

Чувствувате константен замор и колку и да спиете на вас никогаш не ви е доволно тоа. Обезбедете ги овие хранливи состојки и започнете го денот полни со енергија. Доколку имате и анемија, тогаш оваа комбинација од здрави намирници дополнително ќе ви помогне.

Направете си го овој оброк кој ќе ви ја врати енергијата, а еве што се ви е потребно за него. Сите состојки можете да ги пронајдете во продавниците за здрава храна

– 200 гр овесни снегуки

– 100 гр пченични снегулки

– 100 гр сушено манго

– 50 гр стапчиња од ѓумбир

– 2 лажици мед од багрем

– 500 гр обичен јогурт

– 150 мл млеко

– 50 гр чипс од кокос

Во чинија сипете ги овесните снегулки и пченичните снегулки. На парчиња исецкајте го сушеното манго и стапчињата ѓумбир.

Во друг сад измешајте го медот од багреми, обичниот јогурт и млекото.

На крај, мешавината од овесни и пченични снегулки помешајте ја со мешавината од јогурт и додадете го кокосовиот чипс.

Ќе добиете здрав оброк за целото семејство, уживајте!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП