19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА22-годишник од Скопје на пешачки пред Сити Мол прегази 24-годишна девојка

22-годишник од Скопје на пешачки пред Сити Мол прегази 24-годишна девојка

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје.

Девојката преминувала улица на пешачки премин, кога автомобил „цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што се здобила со смртни повреди.

Девојката која вечерва беше прегазена пред Сити Мол во Скопје, била од Радовиш, а ја прегазил 22-годишниот Ј.Ѓ. од Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата се случила во 19.44 часот. Во несреќата повредено е и нејзиното 24-годишно момче исто од Радовиш, кое е пренесно во болница.

Според пријавеното, несреќата се случила на ул.Московска со бул.Партизански Одреди во која ПМВ Цитроен управувано од Ј.Ѓ.(1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП