28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad преговара за превземање на Alitalia

Etihad преговара за превземање на Alitalia

alitalia1

Компанијата „Etihad“ по купување на удел во српскиот „JAT“ и индискиот „JET“ може да се приклучи кон италијанската „Alitalia“, пренесува Ројтерс.

Италијанскиот дневник „Sole 24 oro“ тврди дека преговорите се веќе во тек и дека нивниот исход би можел да биде продажба на акциите на италијанскиот загубар „Alitalia“ на „Etihad“.

Двете компании сеуште не ја коментираа веста, но весникот наведува дека нивните највисоки претставници веќе имале неколку состаноци.

Една четвртина од капиталот на „Alitalia“, која веќе повеќе години е во поголеми проблеми, е на „Air France KLM“, а дел е во сопственост на конзорциумот на италијанските компании како што е „Banca Intesa“, „Atlantia“ и „IMMSI“.

Новиот директор на компанијата во јули изјави дека има план да ги подигне финансиските ресурси за 300 милиони евра до крајот на годината.

Претходно овој месец се шпекулираше дека „Etihad“ е заинтересиран за купување на „Croatia Airlines“, но оваа вест беше демантирана од страна на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП