Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што зимскиот распуст беше продолжен за две недели поради состојбата со коронавирусот.
Од Владата информираа дека бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните и средните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, што значи дека зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни 2022 година.

