23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе стивнуваат реакциите за недела неработе ден - бизнисот се противи, за...

Не стивнуваат реакциите за недела неработе ден – бизнисот се противи, за синдикатите денот е за одмор

По речиси еден  месец од кога стапи на сила,  мерката недела неработен ден, дел од предстваниците на одредени сектори со реакција зошто не се ставени во катергијата на оние дејности кои треба да работат. Од Организацијата на работодавачи, велат дека  производителите на цемент, но и од градежните фирми  постојано реагираат околу оваа мерка. Велат дека не може нивниот процес на работа да биде во застој и имаат потреба да работат во недела, а сепак не се ставени во таа категирија на дејности.  

“Најпрво реагираа одредени дејности кои се неоправдано исклучени од заклучоците. На пример од производството на цемент реагираа неколку пати,  дека мора да работат во четири смени без прекин, но не се ставени во таа категорија, потоа градежници кои работат во дејноста нискоградба – оние кои работат на изградба на патишта, велат дека поради временските услови не можат да работат ден два и може би ќе им дозволи времето да работат во недела, а исто не се ставени во таа категорија. На овие работници им е потребна неделата да биде работна затоа што мора да надоместат 40 работни часови. Исто така, тука овие дејности се врзани и со рокови до кога треба да биде реализиран проектот, ако не се случи тоа, може да плаќаат казнени пенали, вели за “Денар”,  Ангел Димитрво, претседател на Организација на работодавачи.

Од секторот трговија,  дел од нив се сложуваат дека не треба да се работи во недела, но реагираат на нееднаквоста, затоа што во продавниците во моловите и на бензиските пумпи кои работат во недела, се продаваат истите производи кои ги имаат и тие на полиците во продавниците.

“Реакции има и од Охрид, Струга, туристичките центри во земјава. Од таму соопштуваат дека за време на празници и во текот на сезоната, туристите сакаат да шетаат да купуваат, пијат кафе. Тука може да се случи сериозен пад на заработувачката, и во тој случај ако работодавецот има вработени повеќе лица, може да се доведе во ситуцацвија да го намали бројот на работници, а тоа не ни е во прилог”, додава Димитров.

Од Организацијата на работодавачи сметаат дека сега во текот имплеметација на законското решение, треба да се видат сите недостатоци, но и да се тргнат доколку ги има.

“Да се пристапи на измени откако ќе се увидат сите проблеми , затоа што идејата на едно вакво законско решение е да се постигне целта, а не е да се дојде до ситуација да се намали бројот на работници, приходите од даноците во буџетот и да се зголеми и процентот на сивата економија. Мора да фунцкинира и да нема лоши последици од законот, затоа што нашата земја се уште работи на својот развој, кој се бори да го зголеми и подобри. На пример во Хрваска,  долго време се разгледува ваквото законско решение- да не се работи во недела. Но, таму се уште сметаат дека не е време за тоа иако како земја имаа за три пати поголем БДП од нашиот, имаат туризам. Таму во моментов велат дека не е време за ваква мерка, затоа што им треба развој, пандемијата ја успори економијата  во светот. Треба да се земат и тие работи во предвид. Ние некако многу брзо и оптимистички влеговме со ваква мерка”, додава Димитров.

Стопанската комора пак пред Уставен суд ги оспорила законските измени на законот за работни односи со кои се воведе правилото недела да биде ден за одмор, односно неработен ден. Од комората го оспориле зкаонот со образложение дека е спротивен на слободата на пазарот на претприемништвото.

По оваа иницијатива, со реакција излегоа и од  ССМ. Од таму соопштија  дека недела е ден за одмор , колку тоа да  не им се допаѓа на самите работодавачи и е во согласност со Уставот.

Инаку, недела неработен ден стапи на сила од први јанаури годинава, откако претходно во Собранието пратениците ги изгласаа законските измени во законот за работни односи.

Со законот се предвидува дека недела е неработен ден за 92 отсто од работниците во земјава. Исклучок се оние работни места каде не може да се прекине работниот процес. Со измените оние кои ќе бидат ангажирани на работа во недела треба да добијат за 50 проценти повиоска дневница, во трговијата пак 100 проценти, но и слободен ден во текот на неделета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП