19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 промени со кои можете да го намалите ризикот од заболување на...

5 промени со кои можете да го намалите ризикот од заболување на цревата

За да ги намалите шансите на смртоносните болести не е потребно многу – доволни се ситни промени во стилот на живеење. Што можете да направите за да го намалите ризикот од рак на цревата?

Новото истражување на данските научници објавено во „British Medical Journal“ укажува на пет промени кои можете да ги направите во вашиот животен стил, а кои ќе резултираат со намалување на ризикот од појава на рак на цревата, како и други тумори за дури 23 проценти.

Според истражувањето, еден од четири случаи на појава на рак би можел да се спречи доколку луѓето помалку би пиеле алкохол, би престанале да пушат, би јаделе помалку црвено месо, би го намалиле обемот на половината или би вежбале.

Исто така, според истражувањето кое траело десет години и во кое биле опфатени 55.000 луѓе на возраст од 50 до 64 години, дури и кога луѓето би направиле само една од петте наведени промени, ризикот би се намалил за 13 проценти.

Според резултатите од истражувањето, ризикот од појава на болестите би можел да се намали доколку луѓето се физички активни барем 30 минути во денот.

Возрасните не би требало да консумираат повеќе од 500 гр. црвено месо неделно, а треба и да избегнуваат обработено месо. Мажите не би смееле да пијат повеќе од 9 дози алкохол неделно, додека жените четири. Обемот на половината кај мажите не смее да изнесува повеќе од 102 сантиметри, додека кај жените 88, односно најповолно е обемот на половината да изнесува една половина од висината на човекот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП