25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАМеѓу починатите од Ковид-19 и доенче со вродена аномалија

Меѓу починатите од Ковид-19 и доенче со вродена аномалија

Здравствените власти во денешната ковид-статистика соопштија за вкупно 13 смртни случаи како последица на Ковид-19, од кои шест регистрирани во периодот од 24 декември до 11 јануари.

Меѓу нив е и доенче на шестмесечна возраст, кое во регистарот „Мој термин“ е заведено дека починало на 3 јануари.

„Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивањето ковид-позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија.

Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиниката за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на клиниката, на 3 јануари доаѓа до дополнително влошување на општата состојба.

Лекарите на клиниката ги презедоа сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа, за жал, малиот пациент заврши летално“, информираат од Министерството за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП