16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Неготино се одржа работилница за имплементација на активностите за развој на...

Во Неготино се одржа работилница за имплементација на активностите за развој на Вардарскиот плански регион

planskiregion

Во Неготино денеска се одржа прва работилница за имплементација на проектните активности на центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Се работи за проектни активности од сферата на енергетската ефикасност кои градоначалниците од регионот ги утврдија како приоритетни.

– Проектот го добивме од Бирото за регионален развој. Но не застануваме тука. Добивме уште еден проект од Програмата за развој на Обединетите Нации кој всушност ќе претставува продолжување на овој проект. По изработката на програмите и акционите планови по пат на меѓуопштинска соработка, ќе биде воспоставено и едно заедничко административно тело кое поблиску ќе работи на оваа проблематика, рече Александар Бузалковски, директор на Вардарски плански регион.

Центарот за енергетска ефикасност ќе биде сместен во Неготино, а Бузалковски најави и обезбедување опрема за мерење на заштедата на објектите кои се во сопственост на општините, уличното советлување и возниот парк.

Имплементацијата на проектот ќе се врши од страна на Центарот за енергетска ефикасност Македонија МАЦЕФ во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Основната цел на проектот е подобрување на енергетската ефикасност во единиците на локалната самоуправа во Вардарскиот регион и подигнување на јавната свест за нејзиното значење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП