понеделник, јануари 17, 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Microsoft“ го прекина производството на конзолите „Xbox One“

„Microsoft“ го прекина производството на конзолите „Xbox One“

Американската технолошка компанија „Microsoft“ престана да ги произведува сите конзоли од серијата „Xbox One“ за да се фокусира на својата следна генерација конзоли, пишува „The Verge“, повикувајќи се на Синди Вокер, виш директор на гејмерскиот оддел на гигантот.

Според неа, „Microsoft“ го прекина производството на „Xbox One X“ и „Xbox One S“ пред премиерата на „Xbox Series X“ во 2020-та година.

„За да се фокусираме на производството на „Xbox Series X“/„S“, го прекинавме производството на сите конзоли „Xbox One“ до крајот на 2020-та година“, вели Вокер.

Софтверскиот гигант објави два модели за својата „Xbox Series X“ во ноември 2020-та година. Ова се случи седум години по пазарното деби на претходната верзија. А целта на новите уреди беше да го искористат пандемскиот бум во трошењето на потрошувачите за игри.

Сепак, неколку индустрии ширум светот се борат со невиден недостиг на микрочипови, што доведува до доцнење во снабдувањето на некои производи.

Во ноември, деловниот дневен весник „Nikkei“ напиша дека „Nintendo“ ќе произведе 20% помалку конзоли „Switch“ од планираното токму поради проблемите со снабдувањето.

„Bloomberg“, пак, напиша дека „Sony“ планира да го прекине производството на „PlayStation 4“ до крајот на 2021-ва година, но компанијата на крајот ќе произведе околу милион единици оваа година. „Sony“ потврди дека производството на „PS4“ продолжува. И „Microsoft“ и „Sony“ се борат да ја задоволат побарувачката за „Xbox Series X“ и „PlayStation 5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,751фановиЗаследи
2,158следбенициЗаследи
1,420следбенициЗаследи