По кратко боледување, утрово во Скопје ненадејно почина Горјан Тозија. Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија.
Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Тој беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), и раководеше со продуцентската куќа „Вардар филм“. Во периодот од 2017 до 2020 година беше директор на Агенцијата за филм на РСМ, период во кој македонскиот филм го доживува најголемиот успех во светски рамки.

