4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОдморалиште за оние кои го посакуваат екстремниот луксуз

Одморалиште за оние кои го посакуваат екстремниот луксуз

zs11

Одморалиштето „World Sentosa“ кое се наоѓа покрај брегот на Сингапур, пред кусо време ги презентираше своите 11 нови апартмани, за љубителите на луксузот и новите несекојдневни искуства.

Инспирирани од природата, новите апартмани им ја нудат можноста на гостите да ја искусат магијата на подводниот свет, додека уживаат во комфорот на нивниот кревет.

Стаклените ѕидови им овозможуваат на гостите да имаат фантастичен поглед во најголемиот аквариум на светот во кој има над 70 видови водни животни. Приближно, во аквариумот има околу 50.000 водни животни.

Двокатните апартмани им овозможуваат на гостите покрај уживањето од стаклениот ѕид, да се релаксираат во погледот од нивните балкони. Таму гостите можат да уживаат во силното сонце, додека лежат во џакузи.

Исто така, хотелот овозможува да најмите и батлер, кој секогаш ќе биде спремен да ве услужи. Ова задоволство чини 1.800 долари за една ноќ.

Уживајте во прекрасните фотографии…

zs12

zs1

zs5

zs6

zs1122

zs121

zs7

zs11223

zs2

zs3

zs4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП