4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: инвестицијата на „Сахарјан Македонија“ ќе има влијание врз развојот на македонската...

Ставрески: инвестицијата на „Сахарјан Македонија“ ќе има влијание врз развојот на македонската економија

stavreski5

Ставрески нагласи дека проектот „Сахарјан Македонија“ сигурно ќе значи многу и за репутацијата на Република Македонија во светот, бидејќи оттаму што се работи за проект што би бил меѓу десетте најдобри хотелско-туристички комплекси од тој вид  во светот.

– Соодветно на неговиот врвен квалитет комплексот ќе биде и  рекламиран во светот, ќе биде познат не само во границите на Европа, туку и пошироко. Тоа сето многу ќе значи за Македонија, рече Ставрески, додавајќи дека за Владата тоа е мотивација повеќе да продолжи со активностите за привлекување странски инвестиции, со цел Македонија да стане подобро место за живеење.

Тој нагласи дека во контекст на потребите од подобро инфраструктурно поврзување, Владата веќе има отпочнато со изгработка на проектна документација за изградба нов пат од Охрид кон Свети Наум до границата со Албанија, како и напорите преку различни модели да обезбеди автопатско поврзување на Охрид со Скопје.

– Сето тоа се вклопува во реализацијата на големи проекти од овој тип, кои бараат добри патишта и аеродром и се она што е потребно за полесен проток на гости и туристи, рече Ставрески.

Позитивните економски аспекти од проектот ги истакна и гостинот од Индија, бизнисменот Субрата Рој кој рече дека очекува бенефит како за неговата компанија, така и за Република Македонија, гарантирајќи подобрување на економските состојби во земјата преку проектот „Сахарјан Македонија“.

Во врска со проектот, Ставрески истакна дека веќе е формиран координативен тим од триесетина експерти, како на надлежните институции во Македонија така и на Сахара групацијата, за да се уредат сите правни, економски, еколошки прашања за да се забрза реализацијата на проектот.

– Се работи за исклучително голем, комплексен проект, заради што е потребно да се формира тим од двете страни, Ние веќе формиравме управувачки комитет, со повеќе од 25 лица, претставници од различни државни институции кои работат на неколку сета прашања, како правни прашања односно легислативата, финансиски и даночни прашања, инфраструктурни прашања и маркетингот. Тие тимови на највисоко ниво потоа ги разгледуваат прашањата и на оперативно ниво, и ги расправаат со претставниците на Сахара груп, во таа насока ќе оди и придвижувањето на проектот наредните неколку месеци, со цел да се решат прашањата, истакна Ставрески.

Тој истовремено насласи дека во тимот се вклучени и сите државни институции од областа на заштитата на животната средина со цел проектот да биде еколошки прифатлив како од аспект на заштитата на животната средина, така и од аспект на заштитата на Охридското езеро како богатство заштитено од УНЕСКО.

– Посебна екипа работи на прашањата од областа на заштитата на животната средина. Министерот за животна средина, Хидробиолошкиот завод од Охрид, како и институциите надлежни во делот на УНЕСКО односно заштитата на културно-историското наследство. Договор имаме со Сахара дека сите тие стандарди ќе бидат максимално почитувани, со цел  проектот да биде и транспаретно подготвен, но и да одговори на сите стандарди за заштита на Охридското Езеро, нагласи Ставрески.

Тој додаде дека е предвидено на локацијата да биде формирана туристичка развојна зона, и секако согласно легислативата да бидат обештетени сите граѓани кои имаат имот на локацијата каде е предвидена изградбата на „Сахарјан Македонија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП