10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако навистина да исчезнете од интернет

Како навистина да исчезнете од интернет

justdeleteme

Ако навистина сакате да го избришете вашиот профил на некоја друштвена мрежа ќе морате добро да се потрудите да ги пронајдете упатствата за тоа. Но, секогаш има некоја пречка за тоа, па така страната „Justdelete.me“ ќе ја заврши работата за вас.

Честопати се вели дека тоа што еднаш е објавено на интернет засекогаш останува во пространоста. Токму тој факт како да го забораваме за време на користењето на друштвените мрежи и воопшто на интернетот.

Но, од време на време некој ќе ни каже дека споделувањето на се и објавувањето на интернет не е баш најпаметно. Тоа го препознаа и компаниите кои ги проверуваат своите потенцијални работници не само кај поранешните работодавци, туку и на друштвените мрежи и на интернетот воопшто. Па поради тоа не е нималку чудно што многумина сакаат да ја избришат „својата срамотна интернет минатост“ и од почеток да ја градат својта „интернет репутација“.

Во тоа може да помогне интернет страницата „justdelete.me“. Како што пишува „Wired“, „Justdelete.me“ на едно место ги собира линковите од различни профили на друштвените мрежи или страници и му овозможува на корисникот со неколку потези да ја избриште секоја своја трага.

Без разлика дали се работи за профил на „Facebook“ или „PayPal“, „Justdelete“ ќе ви даде можност да го избришете својот профил без „копање“ по ставките во посебни страници. Исто така едноставно е да се избрише „e-mail“, додека корисничкиот профил на „Amazon“ е многу потешко, а на „Evernote“ скоро и невозможно.

Доколку страната недозволува бришење без директен контакт со корисничката поддршка или бара посебна процедура, „Justdelete“ ќе понуди линкови за упатство и контакт со лицето кое ќе го стори тоа.

Доколку и да не размислувате во овој момент за бришење на својот дигитален живот, можеби не би било лошо да го зачувате линкот на „Justdelete.me“. Никогаш не се знае кога ќе посакате или ќе морате да „исчезнете“.

Напомена: Поради големата посета во последно време интернет страната „justdelete.me“ не е секогаш достапна, но обидете се повторно ќе успеете да ја отворите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП