Белата полумесечина на нашите нокти е многу важен дел од нашето тело. Многу е чувствителна, а некои експерти велат дека нејзината големина или промена може да укажува и на можни болести.
Полумесечината на ноктите е наречена лунула, што на латински значи „мала месечина“, а всушност е видливиот дел од коренот на ноктот. Најдобро се гледа на палецот. Белата боја на лунулата е речиси проѕирна бидејќи петиот основен слој на епидермот крие крвни клетки под неа.

Намалената или недостатокот на лунулата укажува на следново:
– Ако ја нема на палецот може да укажува на присутност на психолошки болести.
– Ако е многу мала или ја нема воопшто на показалецот, тоа може да укажува на проблеми со цревата, панкреасот и црниот дроб, но и со репродуктивниот систем кај жените.
– Непостоењето на лунула на средниот прст укажува на проблеми со крвниот притисок.
– Малата или непостоечка лунула на домалиот прст може да биде знак дека страдате од проблем со штитната жлезда.
– Ако лунулата ја нема на малиот прст тоа може да значи дека цревата ви се надразнети и запушени.