5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕHuvafen Fushi – хотел во кој ќе го вкусите луксузот

Huvafen Fushi – хотел во кој ќе го вкусите луксузот

fu1

Како малдивската егзотика да не е доволно романтична сама по себе, па прекрасниот хотел „Huvafen Fushi“ е сместен токму овде за да го надополни амбиентот, кој е како создаден за вљубените да избегаат од реалноста.

Хотелот изобилува со луксузни детали. Највпечатлив е неверојатниот стаклен под, под кој се гледа беспрекорно чистата вода, давајќи им на гостите чувство дека лебдат во некој друг свет.

Но, тоа не е единствениот паралелен универзум сместен на овој приватен остров. Овде се наоѓа првиот подводен спа центар, каде што тие можат да се релаксираат во бројните третмани кои им се на располагање. Покрај тоа, посетителите можат да нуркаат на коралните гребени, да ловат риба на зајдисонце, да пливаат со делфините, да крстарат во близина на брегот итн.

„Huvafen Fushi“ на вљубените им нуди и едно многу несекојдневно искуство: тие овде можат да се венчаат или да ги обноват заветите.

Оваа венчавка нема граѓански, туку само церемонијален карактер. Сепак, и тоа е доволно за некои двојки да дојдат на оваа плажа и да си дадат завет на вечна верност, додека сонцето заоѓа зад тиркизниот океан.

fu2

fu3

fu4

fu7

fu6

fu8

fu9

fu10

fu11

fu12

fu13

fu14

fu15

fu16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП