27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСпречете го мамурлакот

Спречете го мамурлакот

Најдобриот лек против мамурлак е да се воздржувате од големи количини на алкохол, звучи смешно, но е точно. Сепак, тешко е да не уживате во деновите на празниците, во вкусните јадења, па и во алкохолот. Но постојат начини да ја намалите мачнината, вртоглавицата, преосетливоста, мамурлукот, омалаксаноста и сл.

Пред

Не пијте на празен стомак, најдобро е да јадете оброк кој содржи јаглени хидрати, како тестенини, ориз или масти. Хрната ќе ја забави апсорцијата на алкохол. Кога ќе се заситите, пијте полека. Многу симптоми на мамурлакот ги предизвикува дехидратацијата, па меѓу секоја чашка алкохолен пијалок, испијте чаша вода или сок. Газираните пијалоци не доаѓаат во предвид бидејќи ја забрзуваат апсорцијата на алкохол. Пред да одите во кревет, испијте малку повеќе вода и држете чаша вода покрај креветот, бидејќи најверојатно ќе бидете жедни и во текот на ноќта.

Потоа

Ако наутро се пробудите со главоболка, веројатно не сте ги примениле добро претходните совети. Заборавете на методот „клин со клин се избива“, бидејќи само ќе ги одложите симптомите, па затоа веднаш почнете со детоксикација. Телото загубило многу течности, па затоа пијте големи количини на вода за да ги надокнадите. Против главоболка ќе помогнат лековите, но избегнувајте ги оние кои содржат ацетаминофен, бидејќи во комбинација со алкохолот, кој веројатно сеуште е во вашата крв, може да се оштети црниот дроб. Стомакот ќе се смири од чорба од зеленчук, а витамините ќе ги надокнадите со свежо цедени сокови. Не претерувајте со активности тој ден, туку одморајте. Ако претходната ноќ сте претерале со алкохол, лекарите советуваат до следната „сеанса“ да почекате да поминат најмалку 48 часа за телото да закрепне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП