24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајбрзиот и најевтин лек за вирусни брадавици

Најбрзиот и најевтин лек за вирусни брадавици

Вирусните брадавици можат да се појават на било кој дел од телото, а најчесто на рацете. За да се ослободите од нив не морате да одите на скапи третмани, туку решението побарајте го во кујната. Ви го претставуваме најевтиното и ефективно средство против брадавици.

Потребно ви е:

– Јаболков оцет

– Фластер или вата и леплива трака за газа

Постапка

1. Јаболковиот оцет (по можност домашен) со лажица ставете го на средината од фластерот или ватата.

2. Натопениот фластер или вата залепете го директно на брадавицата. Ако лепилото не држи притиснете го со леплива трака или со уште еден фластер.

3. Оставете го да делува преку ноќ и истото повторете го и наредниот ден.

4. Постапката повторувајте ја секојдневно 5 дена, а ако е потребно повторувајте ја постапката додека брадавицата комплетно не се исуши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП