18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Одлив на мозоци“ во Велика Британија

„Одлив на мозоци“ во Велика Британија

em

Два милиони работоспособни Британци емигрирале во текот на изминатата декада, така што тој „одлив на мозоци“ и наштетил на економијата со што ги приморал работодавците да вработуваат имигранти, пишува во средата весникот „The Telegraph“.

На „одлив на мозоци“ предупредил пратеникот на конзервативната партија Ник де Боис, врз основа на статистички податоци кои говорат дека во рок од 10 години заклучно со 2011 година, имало вкупно 3.599.000 луѓе кои засекогаш се отселиле од Велика Британија. Од тој број 1.963 биле Британци на возраст од 25 и 44 години.

Тие податоци говорат дека британските иселеници не се пензионери кои одлучуваат остатокот од животот да го поминат во држави со топла клима, бидејќи се иселени само 125.000 пензионери.

„Нашите економски најактивни луѓе се иселиле со цел својот талент да го употребат на друго место“, предупредува Боис.

Пратеникот на конзервативната партија во една статија за Telegraph.co.uk, напишал дека министрите треба да бидат способни да ги убедат способните  и мобилни работници дека Британија е најдобро место за живот и напредок во светот.

Многу Британци кои се иселиле се образовани експерти.

Некои деловни кругови сметаат дека вината за одлив на професионалци и менаџери лежи во британскиот даночен систем.

Де Боис пак пишува дека даноците имаат улога, но смета дека првенствено треба да се промени културата на однесување.

Британците треба да се охрабруваат да останат и да работат, да се збогатат и да не се критикуваат.

Официјалните податоци објавени во ноември покажаа дека илјадници британци кои се образовале на најдобрите универзитети, работат во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП