Струшкото Основно јавно обвинителство поведе постапка против 57-годишен професор од Струга за кого постои сомнение дека сторил кривичното дело насилство.
Осомничениот, вчера, околу 12.30 часот, со боксирач удрил 18-годишен ученик во пределот на главата. Физичкиот напад следувал по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на ученикот.

