18 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАЕдногодишно дете со неколку хронични заболувања меѓу починатите од Ковид-19

Едногодишно дете со неколку хронични заболувања меѓу починатите од Ковид-19

Во денешната ковид-статистика во однос на починатите лица од регистарот пријавено е дете на едногодишна возраст починато на 29 ноември 2021.

Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете што престојувало во дом за деца без родители во Битола, информираат од Институтот за јавно здравје.

„Детето претходно повеќекратно било хоспитализирано на КДБ поради компликации во склоп на основните заболувања: остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус, малнутриција, дилатациска кардиомиопатија.

До денот на последната хоспитализација детето било хоспитализирано во Клиничката болница – Битола, каде што, поради долнореспираторен инфект, е лекувано од 15 до 24 ноември, кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид-19, е упатено во ИБЗД ‘Козле’“, се наведува во соопштението.

По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето, кое било со континуирано ниска кислородна сатурација од 64 %, од ИБЗД „Козле“ било префрлено на Клиниката за детски болести како институција од терцијарен карактер за понатамошен третман и соодветно лекување.

„Интензивниот мониторинг и лекување на детето, кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24 до 29 ноември, кога и покрај сите преземени дејства за лекување и реанимација, завршува со смртен исход“, посочуваат од Институтот за јавно здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП