19 април, 2024
ПочетнаКОРОНА67 отсто од новите случаи и 85 отсто од хоспитализираните со Ковид-19...

67 отсто од новите случаи и 85 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со 23 декември, односно во последните четири месеци.

Како што информираат од Министерството за здравство, во анализата за вакцинирани се сметаат лицата што примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза вакцина.

Во наведениот период на територијата на државата 66.857 граѓани биле позитивни на Ковид-19, а од нив 33 % биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица.

„Според статистиката за изминатите недели, 45.051 граѓанин, односно 67 % од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 85 %, а само 15 % од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, стои во извештајот.

Во него се нагласува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

„Во периодот од 6 август до 23 декември на територијата на државата починале 2.362 лица од Ковид-19, а 1.850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, односно само 21 % примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас, како и пациенти што се вакцинирале во странство со вакцини на ‘Модерна’ и ‘Џонсон’“, објаснуваат од Министерството за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП