19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлација, вирус, војна - што најмногу ги загрижува пазарите за 2022-ра? (ИНФОГРАФИК)

Инфлација, вирус, војна – што најмногу ги загрижува пазарите за 2022-ра? (ИНФОГРАФИК)

Најголемите ризици за пазарите во 2022-ра година се инфлацијата, коронавирусот и геополитичките тензии, според глобалното истражување на „Bloomberg Markets Live“ меѓу 700 испитаници.

Повеќе од 30% ја наведоа инфлацијата како една од нивните најголеми грижи како одговор на прашањето: „Кој мислите дека е најголемиот ризик за пазарите во 2022-ра година и која е веројатноста тоа да се случи?

Испитаниците често ги поврзуваа ризиците од забрзување на инфлацијата со заостанувањето на централните банки зад сегашните трендови или со пребрзо затегнување на монетарната политика.

Повеќе од една четвртина беа загрижени за коронавирусот, а речиси половина се фокусираа на појавата на новата варијанта. Подеталните одговори укажуваат на наметнување нови ограничувања од страна на владите или прилагодување на политиките од страна на централните банки како одговор на случувањата.

Околу 23 отсто ги навеле геополитичките тензии, а 16 отсто конкретно го употребиле зборот војна, инвазија или конфликт. Главните наведени примери се растечките тензии меѓу Кина и Тајван и меѓу Русија и Украина, особено можноста за инвазија. Секоја ескалација во двата случаи се сметаше за увертира за поголем конфликт во кој се вклучени повеќе земји.

Четврти меѓу најголемите ризици, наведени од 13 отсто од испитаниците, е можноста Федералните резерви премногу брзо да ја заостри каматната политика. Пошироко, 10 отсто од испитаниците рекле дека политичките грешки претставуваат ризик, а 5 отсто укажуваат на ризици поврзани со централните банки на глобално ниво.

Одговорите се поделени помеѓу веројатноста дека централните банкари или ќе заостанат зад трендовите или претерано ќе реагираат на инфлацијата.

Во однос на Кина, испитаниците гледаат и геополитички и домашни ризици. Често се наведува заразата поврзана со економската ситуација во Кина, заедно со потенцијалот за побавен раст и влијанието на пазарот на домување.

Другите испитаници ги наведоа синџирите на снабдување (5%), криптовалутите (4%) и стагфлацијата (2,6%) како ризици.

Глобалното истражување на „Markets Live“ беше спроведено помеѓу 5-ти и 18-ти декември меѓу 873 луѓе. Од нив, 44% се со седиште во Северна Америка, 37% во Европа и 10% во Азија. Првите три позиции што ги држат испитаниците вклучуваат менаџери на портфолио (35%), истражувачи/стратези/економисти (15%) и трговци (12%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП