3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен часовник од брендот „Breitling“

Луксузен часовник од брендот „Breitling“

tra1

Познатиот бренд „Breitling“, на луксузната серија на „Transocean“ часовници, која инаку е посветена на луѓето со авантуристички дух, додаде уште еден, изразено елегантен женски модел со ознаката „Transocean Chronograph 38“.

tra2

Овој часовник за жени претставува современа интерпретација на естетиката на рачните часовници од 50-тите и 60-тите години. Достапен е во три бои и тоа: црна, светло сива и темно сина.

tra3

Неговиот пречник изнесува 38 мм, што секако е нешто поголем, но не и преголем пречник за зглобот на една дама. Се изработува во две варијанти, од не’рѓосувачки челик и од 18 каратно розово злато.

tra4

На капакот на куќиштето се изгравирани два авиона кои долго време беа симбол на „Breitling“, а исто така мораме да ја споменеме и нивната препознатлива буква „Б“ на бројчаникот. Овој детал е позлатен со 18 каратно злато. „Transocean Chronograph 38“ работи на „COSC“ сертифициран автоматски механизам (Breitling 41).

tra5

Часовникот се испорачува со метална мрежеста нараквица или кожен каиш од крокодилска кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП