29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската индустрија порасна најбрзо во последните две години

Кинеската индустрија порасна најбрзо во последните две години

kina1

Активностите во кинеската индустрија во јануари се зголемија со најголемо темпо во последните две години, објави „HSBC“, потенцирајќи го тоа како најнова потврда за закрепнување на втората најголема економија во светот.

Прелиминарниот индекс на менаџерите за набавка (PMI) за кинескиот индустриски сектор во јануари се искачи на 51,9 поени, од ревидираните 51,5 поени во декември. Ова е неговата најголема вредност за 24 месеци.

Индексот го составува британската компанија за собирање и обработка на информации „Markit“, а ги објавува банката „HSBC“. Таа го мери нивото на активност во производствениот сектор и внимателно го следи барометарот за здравјето на економијата. Вредноста на индексот над 50 поени укажува на раст на активностите, а пониската на нивниот пад.

Кинескиот индустриски сектор повторно започна за бележи раст во ноември минатата година, по 12 последователни месеци во кои беше забележан пад на ативностите.

Економистот на „HSBC“ Ку Хонгбин, истакнува дека подобрувањето на домашната побарувачка ги поттикнало кинеските производители да го зголемат производството и покрај слабоста на странските пазари.

„Благодарение на континуираниот раст на новите бизниси, производителите го забрзаа производството со дополнителни вработувања и набавки“, изјави Хонгбин.

„И покрај слабата странска побарувачка, кинеското закрепнување во наредните месеци веројатно ќе се зајакне, благодарение на обновата на залихи во домашните претпријатија“, додаде Хонгбин.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП