Република Северна Македонија не се смета повеќе за Ковид “ризична област” во Сојузна Република Германија. Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Северна Македонија. Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација.
Инаку со најновата одлука на Република Грција, сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа).

