3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМајмуни убија 250 кучиња од одмазда

Мајмуни убија 250 кучиња од одмазда

Група мајмуни во Индија убиле 250 кучиња од одмазда во последниот месец, фрлајќи ги од високи дрвја и згради.

Жителите на Лавула, град во сојузната држава Махараштра со околу 5.000 жители, на околу 480 километри од Мумбаи, велат дека мајмуните пред еден месец почнале да се одмаздуваат откако глутница кучиња убиле млад мајмун.

Оттогаш мајмуните фаќаат кучиња, ги влечат и ги фрлаат од високи дрвја и куќи.

На местото речиси и да нема повеќе кучиња, но нападите на мајмуните не престануваат.

Фотографиите и видеата од локалните медиуми покажуваат мајмуни кои држат кучиња на покривите и гранките, како и кучиња кои бркаат мајмуни низ селото додека жените и децата се засолнуваат на безбедно.

Забележано е дека мајмуните напаѓаат и деца, што предизвикало паника кај родителите. Мештаните апелирале локалните власти да помогнат во фаќањето на одмаздољубивите мајмуни, а некои дури се обиделе и сами да ги фатат и да ги спасат кученцата, па неколку луѓе биле повредени.

Експертите за однесување на приматите велат дека студиите покажале дека мајмуните можат да се одмаздат и често одговараат на оние поврзани со првобитниот агресор откако ќе бидат нападнати.

Мајмуните макаки се познати по тоа што се исклучително интелигентни, но и лукави. Не е невообичаено да ограбуваат остава и фрижидери или да крадат облека и разни предмети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП