23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе врши реконструкција на дистрибутивната мрежа во Шуто Оризари

Се врши реконструкција на дистрибутивната мрежа во Шуто Оризари

orizari

ЕВН Македонија го реализира првиот дел од проектот за целосна реконструкција на дистрибутивната мрежа за електрична енергија во Шуто Оризари. Обновена е нисконапонската мрежа од  трафостаницата Шуто Оризари 10. Старата мрежа, која е постара од 30 години со неизолирани и дотраени проводници кои беа потенцијална опасност за избувнување на пожари е заменета со нова.

Од ЕВН Македонија информираат дека дрвените столбови кои се наоѓаа во објектите на потрошувачите се дислоцирани, односно заменети со нови бетонски столбови поставени надвор од имотот на потрошувачите. – Поставен е нов магистрален нисконапонски вод во должина од 1.600 метри, нови приклучни кабли за потрошувачите во должина од 14.000 метри, подигнати се 30 нови бетонски столбови,  поставени се 45 специјални мерно разводни ормари за електични броила. Во целиот проект се инвестирани 7.500.000 денари или над 120.000 евра, се наведува во соопштението.

Проектот беше реализиран за корисниците од ул. „Брсјачка буна“, дел од ул. „Виетнамска“, дел од ул.„Гарсија Лорка“, дел од ул. „Гвадалахара“, ул. „Морава“, ул.„Патрис Лумумба“ и ул.„Антон Дворжак“.

Годинава, како што информираат од ЕВН, е предвидено да се реализира и вториот дел од проектот за реконструкција на нисконапонската дистрибутивна мрежа со што ќе се зголеми сигурното и квалитетно снабдување со електрична енергија на корисниците во Шуто Оризари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП