3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАВнимателно: Повторно се отвори огромна дупка на патот Дебар – Маврово

Внимателно: Повторно се отвори огромна дупка на патот Дебар – Маврово

Дупка длабока од 15 до 20 метри одново се отвори на патот Дебар – Маврово. Очевидци велат дека брзата реакција на случајни минувачи, а потоа и на полицијата, спречила трагедија. Објаснуваат дека дупката е голема и може да пропадне автомобил, но и дел од автобус, доволно за да се преврти.

Ова е вторпат за два месеца да се отвори дупката, на истото место, кај Косовашки мост. Станува збор за фреквентно место. Претходно, истиот проблем се појави во септември, кога се претпоставуваше дека причина е лизгање на земјиштето. И сега, како и претходно, патот е затворен поради можност дупката да се прошири и на другата лента.

Нејзиното санирање е должност на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП