Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје будно ја следи употребата на антибактериските лекови за системска употреба-антибиотици. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 евидентирана е зголемена потрошувачка на антибиотиците, предупредуваат од таму.
Агенцијата за лекови и медицински средства во интерес на јавното здравје и безбедната употреба на лековите, ги потсетува здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикационото подрачје како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт, согласно одредбите утврдени во Законот .

