30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Allianz Partners“ и „Uber“ стануваат партнери

„Allianz Partners“ и „Uber“ стануваат партнери

„Allianz Partners“ и „Uber“ објавија партнерство во кое „Allianz Partners“ ќе обезбеди самостојни возачи и добавувачи кои се партнери на „Uber“ и „Uber Eats“ апликациите во 23 европски земји, а кое ќе стапи на сила на 1-ви јануари 2022-ра година.

Полисата за осигурување вклучува различни парични надоместоци за губење на приход во случај на несреќа или повреда на работа и последователна хоспитализација. Активните партнери на „Uber“, исто така, имаат право на многу додатоци за невозење, како што се плата за боледување, породилно отсуство за жени и мажи или отсуство поради судска покана.

Програмата за заштита на партнерите, првпат дизајнирана и воведена од „Uber“ во 2017-та година. Таа се фокусира исклучиво на потребите на самостојните возачи и луѓето кои доставуваат, а што ја користат апликацијата „Uber“ за пофлексибилни можности за заработка. Бесплатен е и автоматски достапен за сите независни партнери кои ги исполнуваат критериумите за учество, а сите трошоци се на товар на „Uber“.

„Како водечки глобален партнер за актери во индустријата за мобилност, горди сме што работиме со „Uber“ за да станеме најголемиот снабдувач на партнерска заштита за работниците на платформата. „Allianz“ се стреми да создаде сигурна иднина за своите клиенти и партнери и да ги охрабри за она што следи. Пандемијата на коронавирус ја истакна сè понеопходната и клучна улога на возачите и луѓето што доставуваат и потребата од приспособени безбедносни решенија. Оваа осигурителна програма е лидер во индустријата и ја носи заштитата од иновациите на следното ниво, а ние сме возбудени да ги поддржуваме „Uber“ и неговите партнери сега кога тоа е најважно“, рече Сирма Бошнакова, извршен директор на „Allianz Partners“:

„Ние сме среќни што го проширивме нашето партнерство со „Allianz“ во спроведувањето на нашата програма за заштита на партнери, која на возачите и куририте низ Европа им обезбедува слобода и флексибилност со мир на умот преку додадени безбедност и заштита. Ваквите програми се доказ за нашата посветеност да ја подобриме работата на платформата и да ги обезбедиме придобивките и заштитата што тие ја бараат за самовработените луѓе во Европа. Се надеваме дека ова ќе го охрабри остатокот од секторот да ги заштити европските работници кои работат преку платформите, без разлика која ќе ја изберат“, вели Карл Греј, директор за осигурување за Европа, Блискиот Исток и Африка во „Uber“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП