19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈокиќ повоторно исклучен, против Вашинготн имаше 28/19/9

Јокиќ повоторно исклучен, против Вашинготн имаше 28/19/9

Никола Јокиќ не го дочека крајот на натпреварот Денвер-Вашингтон (113:107). Актуелниот МВП беше исклучен на шест минути до крајот на мечот. Во моментот кога беше исклучен Денвер имаше предност од 18 поени, на крајот некако успеа да победи.

Јокиќ и Денвер се жалат дека тој не добива адекватна заштита од судиите, каква што имаат останатите големи ѕвезди.

Во два напада Јокиќ имаше дуел со Спенсер Динвиди. Во првиот, Динвиди постигна поени откако со лактот го удри противникот, а потоа додека Јокиќ поставуваше блок,  Динвиди неколку пати го удри.

Јокиќ се жалеше кај судиите, кои го исклучија од натпреварот. Нервозниот Јокиќ тргна во „лов“ на еден од судиите, но соиграчите го спречија да направи поголема глупост.

Инаку, Јокиќ натпреварот го заврши со 28 поени, 19 скокови и девет асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП